Утрински Весник
Култура

„Травијата“ на 16 и 18 декември во НОБ

„Травијата“ на 16 и 18 декември во НОБ

Националната опера и балет ja најавува Вердиевата „Травијата“ со концертна изведба на 16 и 18 декември со почеток во 20 часот. Диригент е Иван Еминовиќ.

Со врвна солистичка екипа во улогата на Виолета Валери настапуваат Нада Талевска Спасовска (16.12) и Ана Дурловски (18.12), Алфред Жермон е Благој Нацоски, Жорж Жермон е Ристе Велков (16.12) и Борис Трајанов (18.12), Александра Василевска Лазаревски (16.12), Марика Поповиќ (18.12), Дејан Стоев, Драган Ампов, Борко Биџовски, хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење заштитна маска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“