Утрински Весник
Спорт

Трабзон ќе испратат понуда до Ал Ахли за Алиоски

Трабзон ќе испратат понуда до Ал Ахли за Алиоски

Кратко ќе трае авантурата на Езџјан Алиоски во Саудиска Арабија. Македонскиот репрезентативец, минатото лето, потпиша две годишен договор со Ал Ахли, но како сега стојат работите, по шест месеци тој ќе се врати во Европа.

Минатиот месец, италијанските медиуми објавија дека Верона покажува голем интерес за Алиоски.

Најновите информации говорат дека и Трабзон се заинтересирани за Алиоски. Тренерот на овој клуб, барал играч кој го заземе местото на Норвежанецот Андрес Трондсен.

Турските медиуми тврдат дека Трабзон биле подготвени да понудат 1.500.000 евра за македонскиот репрезентативец.

Трабзон се лидери во Суперлигата на Турција, на табелата имаат девет бода предност пред Коњаспор, додека најголемите турски клубови Фенербахче, Бешикташ и Галатасарај имаат двоцифрен минус во однос на лидерот.

> Трабзон ќе испратат понуда до Ал Ахли за Алиоски <

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен