Утрински Весник
Македонија

„Тој имаше комплексна здравствена состојба“, изјави министерот Филипче за смртта на Амди Бајрам

„Тој имаше комплексна здравствена состојба“, изјави министерот Филипче за смртта на Амди Бајрам
Dik 300x250 mk

Амди Бајрам имаше комплексна здравствена состојба со многу хронични болести, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Запрашан дали е направен посмртен тест за коронавирус со оглед на тоа што Бајрам неодамна имаше свадбена веселба во Турција, министерот рече дека се’ уште нема такви информации.

„Таа информација штотуку стигна. Имав претходни сознанија дека тој имаше навистина комплексна здравствена состојба со многу други хронични болести, меѓутоа во однос на она што денеска се случува навистина немам други информации“, изјави Филипче во посета на болницата во Струмица.

Поранешниот пратеник и претседател на Сојуз на Ромите, Амди Бајрам, почина на приватна клиника во Скопје поради кардиоваскуларни проблеми. Посмртно се очекува да му биде земен брис за коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи