Утрински Весник
Спорт

Тотенхем подготвиле 60 милиони евра за Ришарлисон

Бразилскиот фудбалер Ришарлисон ова лето би можел да го засили Тотенхем, пренесуваат британските медиуми. Според „Дејли Мејл“, раководството на клубот од северен Лондон е во напредна фаза на преговори со играчот на Евертон.

Иако се шпекулираше дека за Ришарлисон се заинтересирани уште два лондонски клуба – Арсенал и Челзи, Тотенхем ги престигна и почна преговори со Бразилецот.

Наводно Тотенхем биле подготвени да платата околу 60 милиони евра за Бразилецот.

Тотенхем донесе двајца играчи за новата сезона, Иван Перишиќ од Интер и голманот Фрејзер Форстер од Саутемптон.

Ришарлисон за Еверон има одиграно 152 натпревари, на кои постигнал 53 гола.

> Тотенхем подготвиле 60 милиони евра за Ришарлисон <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина