Утрински Весник
Свет

Володин: Санкциите против Русија доведоа до создавање на големата осумка

Западните санкции против Москва доведоа до формирање на „новата голема осумка“, група на нации кои не воведоа санкции и ја надминуваат Г7 за 24,4 отсто во однос на паритетот на куповната моќ, истакна денеска преку „Телеграм“ претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин.

„Потегот на Вашингтон и неговите сојузници да ги прекинат економските врски создаде нови точки на раст во светот“, рече Володин, цитиран од ТАС С.

Тој вели дека „САД всушност формираа нова голема осумка“, во која заедно со Русија, се земјите кои не воведоа санкции кон Москва.

Тоа се Кина, Индија, Индонезија, Бразил, Мексико, Иран и Турција, пренесува медиумот.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад