Утрински Весник
Свет

Тоскана бара прекин на летовите од Албанија поради коронавирусот

Тоскана бара прекин на летовите од Албанија поради коронавирусот

Регионалните власти на Тоскана побараа од италијанската влада да реагира затоа што во таа област се забележани нови случаи на заболени по враќањето од странство.

Повеќето од увезените случаи се од Албанија, па затоа бараат прекинување на авиолиниите што ја поврзуваат Италија со таа земја.

Според последните податоци, во областа Фиренца-Арецо-Маса Карара се регистрирани 16 нови случаи позитивни на вирусот, од кои 13 лица пристигнале од Албанија, а едно од Еквадор.

„Владата мора да интервенира, особено министерствата за внатрешни работи и за здравство. Доколку не е можно активно набудување на патниците, постои само една опција, а тоа е да се прекинат директните летови“, изјави гувернерот на Тоскана, Енрико Роси, пренесуваат италијанските медиуми.

Според гувернерот на Тоскана, минатата недела биле регистрирани 52 нови случаи на Ковид-19 во тој регион на Италија, од кои 27 се само од Албанија.

Роси посочи дека албанската заедница е бројна во Тоскана и дека во таа област има најмалку 60.000 граѓани со албанско потекло.

Италија претходно забрани влез на нејзина територија од Србија, Црна Гора, Косово и Северна Македонија. Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, Босна и Херцеговина, Чиле, Кувајт, Молдавија, Оман, Панама, Перу и Доминиканската Република.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Венецуела: Обвинувања за сајбер напад од Северна Македонија

Франс метео: Жолто ниво за опасност од високи температури во Париз каде се одржуваат ОИ

Трамп вели дека церемонијата на отворање на Олимпијадата била „срамота“