Кога сте во потрага по брз и вкусен појадок, излегува нешто толку едноставно, а толку вкусно
Можете и со купечки тортиљи, но домашните се многу по вкусни, а се прават ептен брзо. Замесете меко тесто од состојките и поделете го на 10-12 топчиња. Оставете ги да одморат 10-15 минути. Секое топче расукајте го или оформете го со рацете на намрсена површина, па печете го во загреана тава дури не добие светло кафена боја од двете страни. Ставете рендан кашкавал и преклопете на пола. Може да ја запечете од двете страни на тава или на тостер. Послужете дури е топла. Јас додадов и перце од млад кромид и салата.
View this post on Instagram