Утрински Весник
Спорт

Торонто избори мајсотрка, Клиперс победа ги дели од финале на Западот

Торонто избори мајсотрка, Клиперс победа ги дели од финале на Западот

Кошаркарите на Торонто Репторс и Бостон Селтикс ќе играат мајсторка за пласман во финалето во Источната конференција. Репторс, изминатата ноќ, по две продолженија славеа над Селтикс со 125:122 и го израмнија резултатот во серијата на 3:3.

Торонто и во регуларниот дел и во првото продолжение беа поблиску до победата, но Бостон успеаваа да изборат продолженија.

Кајл Лаури со 33, Норман Пауел со 23 и Фред Ванвлит со 21 поен го предводеа Торонто до победата. На спортивната страна Џејлен Браун постигна 31 поен, Џејсон Тејтум 29, а Маркус Смарт забележа трипл-дабл од 23 поени, 11 скока и 10 асистенции.

На Западот победа ги дели ЛА Клиперс од пласман во финалето. Во четвртиот меч Клиперси славеа над Денвер со 96:85 за предност во серијата од 4:1.

Каваи Ленард го предводеше својот тим до победата со 30 поени, 10 скока и 9 асистенции, на спротивната страна Никола Јокиќ повторно беше најдобар со 26 поени, 11 скока и 6 асистенции.



> Торонто избори мајсотрка, Клиперс победа ги дели од финале на Западот <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

Индијана се избори за мајсторка во серијата со Њујорк

Саутемптон противник на Лидс во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата