Утрински Весник
Македонија

Топло и сончево време, попладне пороен дожд и грмежи

Dik 300x250 mk

Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност и со засилен северозападен ветер, особено во западните делови. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. УВ=8

Во Скопје претпладне сончево, а од пладневните часови повремено нестабилно и со појава на повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во следните денови ќе се задржи многу топло време, особено во јужните делови од земјата. Нестабилно ќе биде денеска и во сабота, а од недела се очекува постепено стабилизирање на времето.

И во делови од Скопската котлина особено денеска и во сабота ќе биде топло и попладне повремено нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер.

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија