Утрински Весник
Свет

Топлотен бран ја зафати Англија, се очекуваат рекордни температури

Јужните и источните региони на Англија, вклучително и главниот град Лондон, се зафатени од топлотен бран кој според метеоролошките прогнози ќе трае уште неколку дена со температура до 35 Целзиусови степени.

– Имаме ведро небо и прилично сува почва на југот на Англија. Исто така, потопол воздух доаѓа од југот на Европа, особено од Пиринеите. Тоа доведува до пораст на температурите, чии максимални ги очекуваме во петок – изјави Греам Меџ, портпарол на Метеоролошката служба.

Вакви високи температури во Англија не се забележани од 1976 година. Метеоролозите најавуваат дека крајот на овој топлотен бран ќе има во недела, кога се очекуваат врнежи од дожд.

Највисоката температура забележана во Велика Британија била 35 степени Целзиусови во јуни 1976 година, пренесе Аваз.ба.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови