Утрински Весник
Спорт

Тонали потпиша за Милан, ќе го наследи Гатузо со бројот 8

Тонали потпиша за Милан, ќе го наследи Гатузо со бројот 8

Италијанскиот талент Сандро Тонали и официјално стана нов фудбалер на Милан откако ги комплетираше медицинските тестови и потпиша петгодишен договор со „росонерите“.

20-годишниот фудбалер од средниот ред доаѓа од Бреша, првично на позајмица од 10 милиони евра, со опција за купување за уште 10 милиони евра, а дополнително има уште 15 милиони евра во бонуси и 10 отсто од секоја идна продажба.

Тонали беше блиску до потпис со Интер за истите услови, но откако дојде понудата од Милан, тој реши да ја прифати бидејќи е голем навивач на „росонерите“. Италијанските медиуми објавија дека тој лично му се јавил на сегашниот тренер на Наполи, а легенда на Милан, Џенаро Гатузо за да го замоли да го добие дресот со број 8.

> Тонали потпиша за Милан, ќе го наследи Гатузо со бројот 8 <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место

Хрватска се намачи за да ја совлада Грузија

„Сантијаго Бернабеу“ ги исвирка играчите на Реал Мадрид