Утрински Весник
Магазин

Том Џонс објави нова песна 

Том Џонс објави нова песна 

Иако влезе во деветтата деценија од својот живот, Том Џонс не планира да престане со музика.

Славниот пејач пред неколку дена ја објави својата нова песна наречена „Talking Reality Television Blues“, што на некој начин е критика на денешното општество.

За песната е снимен соодветен спот. Она за што обожавателите се согласуваат е дека тој зачекори во друг музички стил кој не е специфичен за него, пренесува „Headliner“.

„Можеби грешам, но ми се чини дека некој е обожавател на Radiohead. Том Џонс не се плаши да влезе во кој било музички жанр. Ми се допаѓа“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Од ластик и плочка на улица до модерни игротеки – како се менува детството низ генерациите

Најтешките знаци за соживот – живеењето со нив е постојана борба

Почина Доли Партон – 24info.mk