Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Том Хенкс не сака да му плати на Џеф Безос 28 милиони долари за лет во вселената

Том Хенкс не сака да му плати на Џеф Безос 28 милиони долари за лет во вселената
Img 7972

Двократниот оскаровец Том Хенкс ја одбил шансата да лета во вселената поради цената.

Актерот од „Финч“ откри дека Џеф Безос му предложил да се качи на летот со „Блу ориџин“ пред ѕвездата на „Ѕвездени патеки“ Вилијам Шатнер да ја прифати поканата, но тој не сакал да даде 28 милиони долари.

Во текот на гостувањето во „Џими Кимел лајф“ водителот го праша дали е вистина дека бил поканет да биде на летот пред Вилијам Шаатнер, Том рече: „Па, да, под услов да платам.“

„Добро ми оди, Џими. Но, јас не плаќам 28 милиони долари“.

65-годишната ѕвезда се пошегува дека тој и Џими наместо тоа „може да го симулираат искуството во студио“.

Подрипнувајќи на своето место, тој се пошегува: „Се работи за лет од 12 минути, нели?“…Можеме да го направиме тоа овде каде што сме без да дадеме 28 милиони долари.“

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?