Утрински Весник
Сцена

Том Хенкс и Рита Вилсон се отпуштени од болница

Том Хенкс позитивен на коронавирус

Канбера, 17 март 2020 (/) – Актерот Том Хенкс и Рита Вилсон, неговата сопруга се отпуштени од болницата во Австралија, пет дена откако беа дијагностицирани со коронавирус.

Одделот за здравство на Квинсленд не  ги коментираше информациите дека Том Хенкс и Рита Вилсон се ослободени од болницата и се во самоизолација во куќа што ја изнајмиле.

Официјално е соопштено минатата недела дека се прати состојбата на неколку лица кои биле во контакт со Хенкс и Вилсон по доаѓањето во Австралија, но не се објавени детали од тој мониторинг. ки/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка