Утрински Весник
Магазин

Том Хенкс ги шокира фановите со новиот изглед

Том Хенкс ги шокира фановите со новиот изглед

Тој го глуми менаџерот на Елвис Присли, полковник Том Паркер, во претстојниот филм за музичката легенда.

Но, Том Хенкс мораше да страда за својата уметност, и сега мора да трпи ужасна фризура во биографскиот филм во режија на Баз Лурман, за да ја имитира ќелавата глава на Паркер.

64-годишниот актер им даде краток поглед на фановите на неговата новокована хромирана купола во текот на онлајн интервју за британската  емисијата The Graham Norton Show во вторникот.

Оскаровецот срамежливо го покажа својот нов изглед ставајќи се во кадар неколку секунди за време на далечинското интервју.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонија избира бармен за светското првенство

Дневен хороскоп за 06 април 2026

Пет работи што ментално здравите луѓе не ги прават