Утрински Весник
Магазин

Том Круз ги терал актерите од „Топ Ган 2“ на ригорозни тренинзи

Том Круз постојано инсистирал актерскиот тим на „Топ Ган: Маверик“ да оди до крајни граници со летечките секвенци.

59-годишниот актер ја репризираше улогата на Пит „Маверик“ Мичел во долгоочекуваното продолжение на „Топ ган“ и сметал дека е неопходно неговите колеги да поминат низ ригорозни тренинзи за блокбастерот.

Запрашан дали размислува да го олесни обемот на работа, Том изјави за Screen Rant: „Не, апсолутно не. Целата поента и убавина на снимањето филмови е тоа што можете да патувате низ светот, да гледате други култури и да бидете дел од заедниците. Да одите во туѓи чевли и да чувствувате она што тие го чувствуваат“.

„Снимајќи филмови, постојано учите, мора постојано да работите за да станете сè покомпетентни во многу различни области.“

Можете да прочитате

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност