Утрински Весник
Спорт

Токо Екамби му обезбеди полу-финале на Камерун

Токо Екамби му обезбеди полу-финале на Камерун

Домаќинот на Африканскиот куп, Камерун, избори пласман во полу-финалето на турнирот. Камерунците, во првото четврт-финале, ја оправдаа фаворитската улога протв дебитантот Гамбија.

Камерун во полу-финалето го однесе наоаѓачот на Лион, Токо Екамби. Во второто полувреме, во интервал од седум минути тој во целост го скрши отпорот на Гамбија.

Откако во првиот дел не искористија неколку добри шанси, Камерунците одбраната на Гамбија ја пробија во 50.минута, преку Токо Екамби. Конечниот резултат го постави истиот фудбалер седум минути подоцна.

За Екамби ова беше петтиот гол од почетокот на турнирот. Прв стрелец, со шест гола е неговиот соиграч Абубакар.

Камерун во полу-финалето ќе игра против победникот од дуелот Египет-Мароко.



> Токо Екамби му обезбеди полу-финале на Камерун <

Можете да прочитате

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија

Поднесена е жалба до Европската комисија против ФИФА поради цените на билетите за Светското првенство

Реми на македонските ракометари со Австрија