Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Тодоров со проблеми на плејмејкерската позиција

Тодоров со проблеми на плејмејкерската позиција
300x250 opst2

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров, на еден ден пред натпреварот со Естонија од евро-квалификациите, се соочува со проблеми со повредени играчи.

– Задоволен сум што сме комплетирани веќе одамна така што успеавме да ги поставиме работите како што треба, да го организираме тоа што сакаме да биде наш стил на игра. Од тој аспект сум задоволен. Ме загрижуваат повредите на плејмејкерите Магдевски и Димитријевиќ, како и проблемите со некаква вироза која оддалечи некои кошаркари од тренажен процес. По вечерашниот тренинг ќе знам со кои 12 ќе истрчаме на теренот, изјави Тодоров на денешната прес-конференција.

Центарот Бојан Крстевски најави голема борбеност за остварување на победа на стартот на квалификацискиот циклус за ЕП 2021.

– Наше е да се бориме на сите натпревари и да го оствариме тоа за кое ќе се договориме однапред. Максимално борбена игра за да го постигнеме посакуваниот резултат, истакна Крстевски.

Средбата ќе се одигра утревечер од 20:15 часот во СЦ „Борис Трајковски. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН