Утрински Весник
Македонија

Гордана Јанкулоска сведочеше за „Монструм“

Гордана Јанкулоска сведочеше за „Монструм“
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Скопје, 19 февруари  2020 (МИА) – Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка, биле информациите за убиството на четирите mомчиња и рибарот на Смилковскоро езеро, кои доаѓале до Гордана Јанкулоска која во 2012 беше министерка за внатрешни работи.

Таа денеска во нејзиното сведочење во предметот „Монструм” рече дека дел од информациите биле издржани, но дел и веднаш отфрлани.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

На прашање на обвинителката Фатиме Фетаи дали се сретнала со Сашо Мијалков оти во „бомбите” од 29 јануари 2013 година кои биле пуштани во судот тој и рекол дека има анализа за случајот и дека ќе и ја презентирал, Јанкулоска рече дека не се сеќава дека присуствувала на таква презентација.

Фетаи ја потсети дека и меѓународни претставници присуствувале на таа презентација. Јанкуловска, пак, рече дека таа држела повеќе состаноци со меѓународната заедница околу настанот.

Обвинителката Фетаи ја праша дали се сеќава дека разговарала за политички консултации околу екстрадиција на осомничените со екс министерот за правда Блерим Беџети, каде се „пазарат” дали да се донесат осомничените пред или после изборите, Јанкуловска рече дека таа имала повеќе разговори и дека се консултирала за активностите околу случајот, а не политички.

На прашање дали имало инфо пред настанот дека нешто ќе се случи, таа рече дека немала никаква информација.

Пред судот денеска треба да сведочат и поранешниот директор на БЈБ Љупчо Тодоровски и Синиша Алексовски, советник во кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. бк/са/

Фото: МИА архива

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Прегласување на седум изборачки места во петата и шестата изборна единица во среда

Сообраќајот непречено по влажни коловози

Македонско-српски лингвистички средби

Утрински Весник