Утрински Весник
Македонија

Тодоровиќ ќе сведочи во „Рекет”

Тодоровиќ ќе сведочи во „Рекет”

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Поранешниот градоначалник на Општина Центар и бизнисмен Владимир Тодоровиќ е денешниот сведок предложен од одбраната на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, кој треба да сведочи во судскиот предмет „Рекет”.

На последното рочиште свое сведочење имаше адвокатот Васил Димишков, брат на судијката од претходна постапка Весна Димишкова, што му одреди мерка притвор на Јордан Камчев, обвинет во случајот „Империја”.

Во своето излагање сведокот Димишков истакна дека Зоран Милевски и Ана Камчева побарале од него да се приклучи во тимот адвокати во одбрана на Јордан Камчев. Но, по неколку дена откога размислил дека може да биде злоупотребен во понатамошната судска постапка, имајќи ја предвид позиција на неговата сестра, тој на Милевски и Камчева им побарал поголема сума за адвокатска награда, „со намера да ги откачи“.

Судскиот предмет за случајот „Рекет” e во фаза на презентација на вербални докази од страна на одбраната. оџ/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Најавен дожд и пад на температурите од 10 степени, еве кога се очекува

ЦУК: Пожарот кај Чучер надвор од контрола, нов пожар во Кучевиште во близина на куќи

Огнот беснее на повеќе локации: Осум активни пожари во земјата до 18 часот