Утрински Весник
Спорт

Тодибо: Не ми е гајле што се случува во Барселона

Дефанзивецот Тодибо е заразениот фудбалер во Барса

Фудбалскиот дефанзивец Жан Клер-Тодибо пред две години дојде во редовите на Барселона како еден од најталентирните светски стопери. Барса го намами со само 20 години во моментите кога за него интерес пројавуваа неколку големи европски фудбалски клубови.

Во каталонскиот клуб не успеа да се наметне, па почна со позајмиците. Најпрво во Шалке, па во Бенфика, а потоа во Ница каде е стандарден првотимец.

Французинот одлично се вклопи во тимот од Азурниот брег и со неговите последни изјави стави до знаење дека нема намера да се враќа во Барса.

„Воопшто не ме интересира што се случува во Барселона. Повремено ќе погледам некој меч ако играат моите француски пријатели Дембеле, Ленгле и Умтити, но Барса како клуб не го следам. Моментно сум играч на Ница и потполно сум фокусиран на случувањата во Франција. Зошто би сонувал за одбраната на Барселона кога викендов играм против Рен или Ним“ – изјави Тодибо на последната прес-конференција на својот клуб.

Новинарите го прашаа што мисли – дали Барса може да се врати по оние 4-1 на ПСЖ на „Ноу Камп“ по првиот меч во ЛШ?

„Искрено, ич не ми е гајле. Можеби да, можеби не, тоа не е мој проблем. Тоа е мојот став“ – смета дефанзивецот.

> Тодибо: Не ми е гајле што се случува во Барселона <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами