Утрински Весник
Македонија

Товарен воз удрил во автомобил кај Велес, нема повредени

Товарен воз удрил во автомобил кај Велес, нема повредени

Во попладневните часови на 18 март во велешката полиција било пријавено дека на железничкиот патен премин Велес – Згрополци – Велес се случила железничка незгода помеѓу товарен воз и автомобил „фолксваген туран“.

Автомобилот, со скопска регистрација, бил управуван од 55-годишниот М. З. од селото Кадино.

За среќа, во незгодата немало повредени лица.

Од МВР информираат дека на местото на настанот бил извршен увид од екипа на велешката полиција.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СДСМ: Се потврди дека мерката на Мицкоски нема ефект- дизелот поскапе и достигна 95,5 денари!

Возач удрил полицаец по потера кај Страцин

Секое петто боледување проблематично – откриени неправилности вели Клековски