Утрински Весник
Свет

Товарен брод полн со отровни хемикалии тоне крај западниот брег на Шри Ланка

Товарен брод полн со отровни хемикалии тоне  крај западниот брег на Шри Ланка
Dik 300x250 mk

Товарен брод со тони хемикалии тоне крај западниот брег на Шри Ланка, што е една од најлошите поморски еколошки непогоди на оваа азиска земја досега.
Сингапурскиот брод „МВ Екс-Пресс Перл“, кој носеше 1.486 контејнери, вклучувајќи и 25 тони азотна киселина, како и други хемикалии, се закотви во близина на западниот брег кога избувна пожарот на 20 мај, објави денеска Ројтерс.

Властите се бореа со пожарот откако паднаа контејнерите со запаливите хемиски супстанци и го запалија бродот, соопшти минатиот месец морнарицата на Шри Ланка.

Тони пластични пелети стигнаа до брегот и морето богато со риба, предизвикувајќи една од најлошите еколошки катастрофи во последните неколку децении, велат експертите.

Од компанијата за спасување изјавија дека бродот тоне на сегашната позиција, напиша министерот за риболов на Твитер.

Владата забрани риболов по должината на крајбрежјето долга 80 километри, тоа преставуваше закана за околу 5.600 рибарски бродови, додека стотици војници беа распоредени на плажите за да го исчистат отпадот.

Спасувачките екипи го влечат бродот кон подлабоките води, додаде министерот за риболов.

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети