Утрински Весник
Спорт

Тијаго Силва го продолжи договорот со ПСЖ до крајот на сезоната

ПСЖ го совлада Марсеј, Мбапе и Икарди постигнаа по два гола

Париз, 30 јуни 2020 (МИА) – Неколку фудбалери на ПСЖ, чии договори истекуваат денес, ги продолжија договорите со францускиот клуб до вистинскиот крај на тековната сезона. Помеѓу нив е и дефанзивецот Тијаго Силва.

– Голманот Серхио Рико, дефанзивецот Тиаго Силва и напаѓачот Ерик Максим Шупо-Мотинг, остануваат во тимот до завршувањето на сезоната, објави францускиот шампион.

Сепак, ништо не се зборува за статусот на напаѓачот Единсон Кавани. На играчот му истекува договор со парижаните, а Уругваецот отворено изјави дека има намера да го напушти клубот.

За потсетување, француската Лига 1 заврши пред предвиденото, а ПСЖ беше прогласен за  шампион. Сепак, францускиот клуб го очекува продолжувањето на сезоната во Лигата на шампионите. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење

Вардар рутински против Шкупи, Пелистер ја совлада Македонија ЃП