Утрински Весник
Македонија

„Титаник“ одложен за 25 март, обвинет користи мерка за коронавирус

Судијата не дозволи одложување на „Титаник“ поради „Рекет“
Dik 300x250 mk

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ продолжува на 25 март поради отсуство на еден од обвинетите за користење на мерките од Владата за справување со коронавирусот.

На денешното рочиште требаше да бидат сослушани петмина сведоци, кои се повикани за следното рочиште.

Обвинетиот Станко Коруновски на 13 март доставил поднесок до Судот со кое го известува дека ја користи мерката донесена од Владата на РСМ за отсуство како родител на дете на возраст до 10 години заради спречување на ширење на коронавирусот.

Ист поднесок за користење на мерката поднеле и адвокатите Сања Алексиќ и Петар Василев.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања. аа/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Беличанец: СДСМ може да победи, потребна е јасна социјална политика за сите категории граѓани

Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица