Утрински Весник
Свет

Тинејџер активирал бомба пред православна гимназија во Русија, има најмалку 12 повредени

Тинејџер активирал бомба пред православна гимназија во Русија, има најмалку 12 повредени

Руски тинејџер активирал експлозивна направа во православно училиште во близина на манастир во близина на Москва, а во инцидентот се повредени неколку лица.

Во инцидентот се повредени околу 12 лица, меѓу кои и 15-годишник. Повикувајќи се на неименуван извор од итната помош, руските агенции наведуваат дека сите повредени се тинејџери.

Руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 18-годишникот, кој завршил училиште во Серпухов, се обидел да се разнесе. Тој во критична состојба бил префрлен во болница, каде подоцна починал од повредите.

Експлозијата се случила на влезот на православната гимназија, која се наоѓа во рамките на манастирот Серпухов.

Можете да прочитате

Бродови нападнати од дронови во Црното Море, Романија подигна авиони

Намјалку 12 загинати, 16 повредени во автобуска несреќа во Иран

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија