Утрински Весник
Магазин

Тигар, кој усмрти тројца, оди во Зоолошка градина

Спречен обид за криумчарење тигар од 240 килограми во Виетнам

Бопал, 8 јуни 2020 (/) – Тигар-човекојдец е „обвинет за убиство“ на тројца луѓе во Индија, поради што остатокот од животот ќе го мине зад решетки, во Зоолошка градина, соопштија властите индиската покраина Мадја Прадеш.

Според нив животното е премногу опасно, за да може слободно да скита во природата.

Мажјакот, инаку стар пет години, извршил и напади врз добиток во областа меѓу западната индиска покраина Махараштра и Мадја Прадеш од 2018 година досега.

На крајот, тигарот бил заловен, заспиен и сместен во Зоолошка во престолнината на Мадја Прадеш – Бопал.

Според официјални извори, 225 луѓе биле убиени при напади од тигри меѓу 2014 и 2019 година во Индија.  си/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските тимовина СТЕМ Академија со врвни резултати на Светската олимпијада за роботика во Грција

Меѓународниот саем за туризам ќе се одржи на средината на месецов на планината Качкар во Турција

Свето Благовештение (Благовец) – 24info.mk