Скопје, 12 февруари 2020
Во целост ги демантираме наводите на Министерот за внатрешни работи г-дин Наќе Чулев искажани на прес конференнцијата на 12.02.2020 година.
ТЕ-ТО АД достави целосна документација до сите надежни институции со која се докажува дека ТЕ-ТО АД работи согласно закон и ниту еден законски пропис не е прекршен.Еднострано прикажаните информации од Топлификација АД пред МВР не докажуваат дека во ТЕ-ТО АД има криминал, туку токму напротив тоа се лаги и манипулации со цел постигнување на незаконски интереси на менаџментот на Топлификација АД.
Кривичната пријава дека ТЕ-ТО АД перело пари е отфрлена од Обвинителството за организиран криминал уште во декември 2019 година.
Обвинувањето од Топлификација АД за лажен стечај е целосно неиздржано.
Постапката за реорганизација на ТЕ-ТО АД е спроведена целосно согласно законските прописи. Тоа е потврдено со решението на Основен суд Скопје 2 Скопје и решението на Апелациониот суд со кои се усвојува планот за реорганизација на компанијата, а во кој процес Топлификација АД ги даде истите забелешки кои ги наведе и во кривичната пријава против ТЕ-ТО АД.
Нагласуваме дека целокупната документација поврзана со стечајот и реорганизација на ТЕ-ТО АД ја анализираа врвни експерти од областа на правото кои изработија правно мислење со кое се потврдува дека ТЕ-ТО АД во целост постапувало согласно закон.
Поради тоа, бараме да се престане со злоупотребата на ТЕ-ТО АД во политички цели во предизборен периоди да се остават надлежните институции без притисок да ја завршат својата работа.
ТЕ-ТО АД Скопје
————————————————————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.