Утрински Весник
Култура

„Тејт“ ја раскина соработката со двајца руски милијардери

„Тејт“ ја раскина соработката со двајца руски милијардери
Dik 300x250 mk

Британската мрежа на уметнички музеи ја прекина соработката со Виктор Векселберг и Пeтр Авен откако САД и ЕУ воведоа санкции за руските милијардери поради инвазијата на Украина.

Векселберг, основач на руски енергетски конгломерат и соработник на Владимир Путин, беше почесен член на престижната фондација „Тејт“, добротворна организација која собира средства за изложби, образование и други проекти, пишува „Скај њуз“.

„Векселберг направи донација за ‘Тејт’ пред седум години и повеќе нема право на неговото почесно членство“, соопшти лондонската мрежа на галерии. Овој богат Русин веќе беше мета на американски санкции во 2018 година, а во петокот повторно се најде на листата на руски милијардери на кои многу земји им воведуваат санкции.

Американските власти соопштија дека тој одржувал блиски врски со Путин и ја замрзнаа сопственоста на неговиот авион и јахта. Пред воведувањето на санкциите, Векселберг даваше донации за американскиот театар Линколн Центар и концертната сала Карнеги Хол.

Се проценува дека има богатство вредно 9,3 милијарди долари, кое го стекнал по приватизацијата на руската нафтена и алуминиумска индустрија.

Текстот „Тејт“ ја раскина соработката со двајца руски милијардери е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“