Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во ресенско

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во ресенско

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат с.Стење – с.Царев Двор, ресенско.

Според информациите од МВР, несреќата се случил помеѓу автомобил „мазда”, со ресенски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(52), мотоцикл „кавасаки”, без регистарски ознаки, управуван од Д.К.(24) од с.Јанковец, ресенско и автомобил „форд”, со ресенски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(51) од с.Подмочани, ресенско.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на ОВР Ресен.

Можете да прочитате

Сведоци на судењето за „Пулс“: Сопственикот одбивал соработка со полицијата

Филков: Правдата мора да биде видлива – реформите носат резултати

Неготинец измамен за 4000 евра