Утрински Весник
Македонија

Тешка сообраќајна несреќа во Струга, повредени четири лица од кои две се деца

Тешка сообраќајна несреќа во Струга, повредени четири лица од кои две се деца
Dik 300x250 mk

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на улиците „Владо Малески“ и „Пабло Неруда“ во Струга, пришто 4 лица со повреди завршија во болница, од кои две се малолетни.

Како што информираат од полицијата незгодата се случила помеѓу две возила од марката „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувани од Б.Б.(19) од Заграчани и Р.И. (59) од селото Калишта.

„Со тешки телесни повреди се здобила малолетничка-сопатник во второто возило која е пренесена во Ургентниот центар во Скопје. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и едно малолетно лице, констатирани во Општата болница во Струга“, соопшти МВР.

На местото на незгодата увид извршија јавен обвинител и полициски екипи.

Можете да прочитате

Мицкоски: Иднината на државата е во рамките на ЕУ

„Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова ја освои меѓународната филмска награда за човекови права на Нирнберг

Средба Мицкоски – Страмер: Разговарано за продлабочување на билатералната соработка