Утрински Весник
Македонија

Тешка кражба во дебарското село Могорче

Дваесетгодишник од Делчево со украдена картичка подигал пари од банкомат

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Во киоск лоциран во дебарското село Могорче, синоќа во 23:30 часот е извршена тешка кражба, соопштија од Министерството за внатрешни работи, посочувајќи дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Од МВР информираа дека е стабилна безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба. Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди.

– Евидентирани се 11 нови лица во самоизолација, сите во Дебар, и извршени се 61 контрола врз овие лица, соопштија од Министерството. см/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Платформата за борба против корупцијата бара итно донесување на Законот за заштита на укажувачи

ВРЕДИ: Правичната застапеност добива европски печат и наскоро ќе влезе во Парламентот

СДСМ: Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти” – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!