Утрински Весник
Македонија

Тетовци фрлиле шишиња со запалива течност во казино додека внатре имало полиција

Тетовци фрлиле шишиња со запалива течност во казино додека внатре имало полиција

Двајца тетовци се приведени откако фрлиле шишиња со запалива течност во спортска обложувалница-казино и предизвикале пожар, додека внатре имало полициски службеници.

„Денеска (18.3.2022) во 7:10 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот тетовец А.К. поради сомнение дека заедно со тетовецот Н.Л.(34) околу 5:00 часот фрлиле шишиња со запалива течност во спортска обложувалница-казино на улица Илинденска во Тетово и предизвикале пожар. Притоа, со повреди се здобиле двајца полициски службеници кои во објектот презеле службени дејствија во врска со друг, претходно пријавен настан. А.К. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и против инволвираните ќе следуваат соодветни поднесоци“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Миноски: Без мерките на Народната банка, Алта можеше да се соочи со масовно повлекување на депозитите

Миноски: Алта банка е ликвидна, но проблемите со сопственикот ја разнишуваат довербата

СДСМ од Битола: Граѓаните се во неизвесност и без пензии по скандалот со Алта банка