Тетово, 30 мај 2020 (МИА) – Тестирања за Ковид 19 денес беа извршени за фудбалери на двата тетовските прволигаши Ренова и Шкендија. На фудбалерите им беа земени брисеви согласно протоколите за испитување на болеста. Испитувањата ги организира синдикатот на фудбалери на Македонија во соработка со приватна здравствена установа Аџибадем Систина.
-Се прават тестови на вкупно 41 човек, сите фудбалери, стручен штаб и администрација. Се надеваме дека нема да има позитивни со цел што подобро да се подготвиме за продолжувањето на сезоната во јуни, изјави Фисник Нухи, спортски директор на ФК Ренова.
Резултатите од испитувањата ќе бидат познати во текот на утрешниот ден. ас/сст/