Утрински Весник
Македонија

Тетовската полиција извршила речиси 700 контроли за изолација за 24 часа

Тетовската полиција извршила речиси 700 контроли за изолација за 24 часа

Тетово, 13 јуни 2020 (МИА) – За едно деноноќие, тетовските полициски службеници извршиле контроли кај 519 лица да се утврди дали се дома поради добиените решенија за задолжителна изолација од Државниот здравствен и санитарен инспекторат како мерка во спречување на ширењето на коронавирусот.  Освен тие, полицајците контролирале и 139 лица кои имаат потпишано изјави дека ќе се самоизолираат дома.

Марјан Јосифоски, портпарол на СВР – Тетово вели дека големиот број контроли значително го оптоваруваат работењето на полициските службеници на СВР – Тетово  со оглед на огромното подрачје кое го покриваат во вкупно шест тетовски општини.

– За секојдневните контроли се потребни многу време и ресурси и навистина полицајците се многу ангажирани. Дополнителен товар за полициските службеници претставуваат непочитувањата со оглед дека треба да се поведе постапка доколку се утврди дека не ги почитуваат решенијата, вели портпаролот Јосифоски.

Во тетовско се изречени 85 прекршочни платни налози за неносење заштитни маски.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат ноќеска е затворен угостителски објект на улицата „Илинденска“ во Тетово.

– Сопственикот Р.Б (41)  од Мала Речица ќе се соочи со пријава според член 206 од Кривичниот законик поради не придржување до прописите за работа во време на епидемија, истакна Јосифоски.

Контролирани биле вкупно 22 угостителските објекти во три тетовски општини.ас/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лефков: Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев, само тој може да ги управува и мрежата на Сорос

Од утре претежно облачно со врнежи од дожд и снег

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето, СДСМ остро против партизацијата