Утрински Весник
Македонија

Тетовската касарна одбележа 76 години од смртта на патронот-народниот херој Кузман Јосифовски Питу

Тетовската касарна одбележа 76 години од смртта на патронот-народниот херој Кузман Јосифовски Питу

Тетово, 25 февруари 2020 (МИА)– На свеченоста по повод одбележувањето на патронатот на тетовската касарна денес беше откриена  новопоставената биста на народниот херој Кузман Јосифовски – Питу.  Во знак на сеќавање и почит кон народниот херој Кузман Јосифоски Питу пред неговата спомен бистата во тетовската касарна цвеќе положија повеќе делегации на Армијата, државни институции, сојузи, невладини организации, партиски ограноци и здруженија.

Пригоден говор одржа командантот на тетовската касарна и третиот пешадиски баталјон ппотполковник Изеир Ејупи.

-Се навршија 76 години од смртта на народниот херој Кузман Јосифоски Питу. Тој својот живот го даде за македонскиот народ, за неговите копнежи за слободна и самобитност. Со неговата смрт македонското револуционерно движење изгуби еден од своите најистакнати организатори и раководители, а народот од Тетовско свој соборец и човек кој можеше да ги разбере сите сложености на овој крај. Народот од Тетово и целиот западен дел од Македонија му должи вечна благодарност, истакна Ејупи.

На одбележувањето присуствуваше началникот на Првата пешадиска бригада полковник Дејан Чиплаковски. Дел од настанот беше културно – уметничка програма организирана од учениците од основно училиште „Блаже Конески“ од Скудриње, општина Маврово и Ростуше.

Кузман Јосифовски-Питу е роден на 15 јуни 1915 година, а загинал на 25 февруари 1944 во Скопје.  На 2 август 1945 посмртно е прогласен за народен херој. ас/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија

На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија

Венко Крстевски ќе се кандидира како независен за градоначалник на Кочани