Утрински Весник
Македонија

Тетовец со нож ја убил мајка си

Тетовец со нож ја убил мајка си

Во тетовското село Селце, полициски службеници утрово го лишиле од слобода 45-годишниот У.Д. од ова село, кој се сомничи дека во дворот пред семејната куќа со остар предмет ја усмртил неговата 73-годишна мајка, Н.Д..

Како што информираат од МВР, тој бил задржан во полициската станица во Тетово за расчистување и документирање на случајот.

Увид извршиле Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина.

По наредба на јавниот обвинител, телото на 73-годишната жена e предадено за обдукција. Во текот на денот осомничениот У.Д. со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

 

Можете да прочитате

Кој ги кочи предметите? Тасева и Салаи со сериозни обвинувања

Слаб снег на Шапка – 24info.mk

Зголемен број бездомни кучиња во Куманово