Утрински Весник
Спорт

Тер Штеген бара 10 милиони евра годишно од Барселона

Тер Штеген има повеќе асистенции во Ла Лига од … Азар

Барселона, 31 мај 2020 (МИА) – Голманот на Барселона, Марк Андре тер Штеген продолжува да преговара со клубот за потпишување на нов договор, објави новинарот Никола Скира на Твитер.

Двете страни сè уште не се согласија за платата на голманот. Дваесет и осумгодишниот Германец бара 10 милиони евра годишно од каталонски клуб, додека последната понуда на Барса беше 6,3 милиони годишно, плус бонуси.

Преговорите меѓу клубот и играчот ќе продолжат следната недела. Сегашниот договор на голманот е со важност до летото 2022 година.

Во сезоната 2019/20, Тер Штеген настапи на 34 натпревари за Барселона и прими 34 голови. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина