Утрински Весник
Спорт

Теодосиќ ги „крена“ Виртус Болоња до титула Еврокупот и враќање во Евролигата

Виртус Болоња стигна до 80:67 (25:12, 16:19, 21:22, 18:14) победа над турскиот Бурсаспор за титула од Еврокупот и билет за враќање во Евролигата следната сезона.

Херој на италијанскиот тим беше српскиот ветеран Милош Теодисиќ, кој заврши со 21 поени и 3 асистенции, Жаите додаде 13 поени и 10 скока, а Кајл Вимс имаше 13 поени. Кај Бурса, Дудзински со 14 поени беше најдобриот поединец на теренот.

Бурса, кои во плејофот ги исфрли Партизан, Цедевита Олимпија и Андора, немаше сили за уште една сензација.

> Теодосиќ ги „крена“ Виртус Болоња до титула Еврокупот и враќање во Евролигата <

Можете да прочитате

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале