Утрински Весник
Спорт

Тен Хаг „удри“ по Роналдо: Такво однесување е неприфатливо!

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг смета дека однесувањето на Кристијано Роналдо е „неприфатливо“, откако Португалецот си замина пред крајот на последниот пријателски меч против Рајо Валјекно во неделата.

dobivaj vesti na viber

Роналдо беше стартер на мечот против Рајо на „Олд Трафорд“, но беше заменет на полувремето од Амад Дијало, по што беше забележан како си заминува од стадионот во друштво на Диого Далот пред тој да биде завршен. Иако, неофицијално првите луѓе на клубот не гледаа проблем во ваквиот гест, Тен Хаг открива дека фудбалерите немале дозвола да си заминат.

„Секако не, тоа е неприфатлво! За сите. Им го кажав тоа. Ние сме тим, и си одиме заедно. Секогаш се останува до крајот на мечот, без разлика дали играш“, вели Тен Хаг за холандскиот „Виплеј спорт“.

Јунајтед и Тен Хаг инсистираат дека Роналдо не е на продажба, но шпекулациите за неговото инсистирање дека мора да го пуштат да си оди остануваат, со враќање во Спортинг Лисабон како најверојатна опција по неуспешните обиди да биде продаден на ПСЖ,Челси и Баерн Минхен. Сепак, коментарите на Тен Хаг јасно зборуваат за раздор во тимот, откако претходно британските таблоиди објавија дека тој сигурно нема да биде меѓу стартните 11 на почетокот на премиерлигашката сезона против Брајтон.

Роналдо ќе ја „грее клупата“ против Брајтон!

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина