Утрински Весник
Македонија

Телефонски разговор на Османи со украинскиот министер, Дмитро Кулеба

Телефонски разговор на Османи со украинскиот министер, Дмитро Кулеба

На барање на украинската страна, министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска оствари телефонски разговор со неговиот украински колега Дмитро Кулеба. Во оваа прилика, министрите Кулеба и Османи констатираа висок степен на развој на односите меѓу двете пријателски земји и редовниот политички дијалог, а изразија и посебно задоволство и од забележителното зголемување на трговската размена во првите десет месеци од 2020 година, со очекување таквиот позитивен тренд да продолжи и да се интензивира и во иднина.

За таа цел, се очекува и скорешна средба на Мешовитиот комитет за имплементација на меѓудржавната спогодба за слободна трговија.

МНР на Украина Кулеба му го честиташе на Османи неодамнешното приклучување на Република Северна Македонија во Организацијата за црноморска економска соработка и изрази надеж дека соработката меѓу двете земји ќе се продлабочува и на овој план.

Османи го информираше својот украински колега за активностите поврзани со очекуваното започнување на пристапните разговори со ЕУ, како и за останатите приоритети на замјата на надворешно политички план.

Соговорниците се осврнаа и на актуелните регионални и глобални прашања.

Кулеба го покани министерот Османи во прва ппгодна прилика да ја посети Украина, што е со задоволство прифатено.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор