Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Телефонски разговор на Димитров со шпанската министерка за надворешни работи Лаја

Телефонски разговор на Димитров со шпанската министерка за надворешни работи Лаја
Img 7972

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – На барање на шпанската страна, министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска разговараше со Аранча Гонзалес Лаја, министерка за надворешни работи, ЕУ и за соработка на Шпанија.

За време на разгговорот, како што соопшти МНР, Димитров уште еднаш се заблагадори за отворената и принципиелна поддршка од Шпанија за нашите европски и евро-атлантски интеграции, изразувајќи задоволство од нивната посветеност како за заокружувањето на НАТО членството, така и за нашиот пробив на европскиот пат.

Беше направен осврт на епидемиолошката состојба во двете земји, но и пошироко, во контекст на здравствените предизвици со кои тие се соочуваат, како и на социо-економските последици од кризата и можни решенија за нивно надминување преку заедничка соработка и солидарност.

Министрите разменија мислења и за повеќе актуелни прашања од регионот. Беше потенцирана важноста од натамошно динамизирање и продлабочување на одличните билатерални односи, со заемна заложба за јакнење на пријателските врски меѓу двете држави, стои во соопштението на МНР. нд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ