Утрински Весник
Македонија

Телекомуникациските компании со препораки до корисниците по заострените мерки за превенција од коронавирусот

Нова програма за лица со оштетен вид (линк)

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Телекомуникациските оператори соопштија дека ги преземаат сите потребни мерки за превенција и заштита на своите корисници и сите вработени со оглед на состојбата со коронавирусот, препорачуваат да се користат дигиталните канали за комуникација и потсетуваат на можноста за електронско плаќање сметки.

Во услови на заострени мерки и активности за превенција од ширење на коронавирусот, Македонски телеком им препорачува на корисниците да ги користат дигиталните канали за комуникација со оваа компанија, пред сè ТелекомМК апликацијата со која може да се управува со услугите и да се врши електронско плаќање, како и нашата веб страница www.telekom.mk и каналите на социјалните медиуми.

-Сите Телеком продавници работат, но со намален капацитет и можно е да се воведе скратено работно време заради заштита на вработените и корисниците. Затоа апелираме да ја користиме технологијата и дигиталната комуникација за сите да се заштитиме од потенцијалниот ризик. Тимовите за поддршка и справување со пречки и Контакт центарот обезбедуваат услуга, но со оглед на ситуацијата се работи со намален капацитет и постои можност од задоцнета интервенција во одредени услови, за што се надеваме на разбирање. Континуирано ја следиме ситуацијата и препораките од надлежните институции и го прилагодуваме работењето во интерес на корисниците, соопшти Телеком.

Од А1 Македонија, пак, информираа дека ги создаваат сите услови за минимизирање на непосакувани ситуации и поедноставување на функционирањето во новонастанатите услови предизвикани од COVID-19.

– Како компанија посветена на развојот на дигитални услуги, потсетуваме дека сите информации за нашите услуги се достапни на нашата веб страница www.a1.mk или преку повик во А1 Контакт центарот на телефонскиот број 077 1234 во текот на 24/7. Дополнително, корисниците можат да активираат дополнителни услуги и да ги имаат на увид своите сметки преку апликацијата Мојот А1 која може да се преземе на следниот линк https://www.a1.mk/mojot-a1-promo додека своите сметки корисниците можат електронски да ги платат на https://www.a1.mk/plati-smetka. А1 Македонија се грижи за своите корисници и е подготвена да реагира навремено и одговорно во обезбедувањето континуитет во своето работење и услугите кон корисниците, стои во соопштението.лв/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор