Утрински Весник
Македонија

Текстилна конфекција од Македонска Каменица ги произведе првите сто заштитни маски за потребите на граѓаните

Текстилна конфекција од Македонска Каменица ги произведе првите сто заштитни маски за потребите на граѓаните

Македонска Каменица, 20 март 2020 година (МИА) – Текстилна конфекција од Македонска Каменица почна со производство на висококвалитетни повеќенаменски заштитни медицински маски.
Како општествено одговорна компанија, првите 100 произведени медицински маски денеска од конфекцијата беа доделени за потребите на Општина Македонска Каменица.
-Производството на заштитните медицински маски ќе продолжи, како и поддршката кон заедницата во овие вонредно кризни моменти. Со ова сакаме да помогнеме и преку институциите да придонесеме во спречувањето и ширењето на заразата од коронавирусот, истакнаа од текстилната конфекција „Текстил М”.

Во меѓувреме, волонтери од Здружението на граѓани „Глас на еднаквоста” и Општина Македонска Каменица ги продолжуваат активностите за набавка на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена на стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби.

Целта е овие лица да не остваруваат непосредни контакти со останатите луѓе за да не се изложуваат на опасност од инфицирање со вирусот Ковид-19. вс/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Патриотско друштво: Полиција спречува изградба на црква во Полог

СДСМ утре ќе објави нов скандал за Тошковски

Полиција спасила двајца македонски туристи кои останале блокирани во заливот Филикури кај Химара