Он-лајн Интернационалниот Алтернативен Фестивал „Театарски Европски Алтернативи” – STURM UND DRANG објавува јавен повик за програмата „Нов бран“ (New Wave) која ќе биде дел од првото издание на Фестивалот кој ќе се одржува од 17 до 23 септември.
Покрај Интернационалната и Студентската програма, во рамките на Фестивалот, секоја година ќе се претставуваат уметници од земјата која е во фокус. „Нов бран“ е гласот на уметниците ширум светот.
„Оваа година, како домаќини на фестивалот ја започнуваме со уметници од нашата земја во неколку категории: визуелни уметности (фотографија и дизајн на постер), музика и поезија. Темата на која уметниците ќе творат е ПРОДОР. Од секоја категорија селекторите ќе ги изберат најдобрите тројца кои ќе се претстават со своите дела на Фестивалот. На крајот публиката со онлајн гласање за време на фестивалот ќе го избере најдоброто дело, а на уметникот ќе му биде врачена официјалната награда на фестивалот за најдобро дело на тема ПРОДОР“, соопштија организаторите на настанот.
Конкурсот ќе биде спроведен анонимно. Делата од страна на организаторот до селекторите ќе бидат испраќани без наведено име и презиме на уметникот.
Селектори за оваа програма се Џијан Емин за музика, Никола Маџиров за поезија и Дејан Џолев за визуелни уметности.
Текстот „Театарски Европски Алтернативи” објави јавен повик за млади артисти за визуелни уметности, музика и поезија е превземен од МАКФАКС.