Утрински Весник
Култура

Театарот „Чекори“ вечерва премиерно ќе ја изведе најновата претстава „Измамници“, во режија на Маја Ѓурчевска

Театарот „Чекори“ вечерва во 20 часот на сцената на Домот на културата „Димитар Влахов“ во Автокоманда премиерно ќе ја изведе претставата „Измамници“ од авторот Звонимир Бајсиќ, а во режија на Маја Ѓурчевска. Улогите во претставата ги толкуваат Давид Ангеловски и Даниел Гочевски, суфлер е Марија Младеновска, а тон и светло мајстор е Никола Димевски.

Делото спаѓа во жанрот комедија, а влезниците по цена од 100 денари можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата.
Со своето 48-годишно постоење, Театар ,,Чекори” е најстариот алтернативен театар во Македонија

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“