Утрински Весник
Култура

Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ учествува на Драмскиот аматерски Фестивал – Кочани

На 24 мај 2022, вторник, во 12 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе учествува во официјалната програма на Драмски аматерски Фестивал – Кочани со детската претстава “Приказна од волшебната шума“ во режија на Микица Илова (Мултикултурен центар Кочани), информираат од оваа институција.

На 25 мај 2022, среда, 20 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ премиерно ќе ја изведе претставата/комедија “Како да (не) снимиш мрсен филм“. Адаптацијата и режијата се на Диме Коцевски. Играат: Видан Станоев, Александар Видиков, Саше Орешков, Надица Ангелкова, Кристина Јованова, Деан Атанасов, Сијче Трајкова, Никола Деков, Диме Коцевски (Сала при Дом на култура Кавадарци),

30 мај 2022, понеделник, 12 часот, Отворање изложба на ликовниот уметник Новица Трајковски од Скопје (Галерија при Дом на култура Кавадарци),

30 мај 2020, понеделник, 20 часот, прва реприза на Театарската претстава “Како да (не) снимиш мрсен филм“(Сала при Дом на култура Кавадарци),

1 јуни 2022, вторник, 20 часот, втора реприза на Театарската претстава “Како да (не) снимиш мрсен филм“(Сала при Дом на култура Кавадарци),

3 јуни 2022, петок, 12 часот, Промоција на Романот на годината “Денот на црвот“ од Симона Јовановска, во организација на Фондацијата “Славко Јаневски“(Галерија при Дом на култура Кавадарци),

3 јуни 2022, петок, 20 часот трета реприза на Театарската претстава “Како да (не) снимиш мрсен филм“(Сала при Дом на култура Кавадарци).

Текстот Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ учествува на Драмскиот аматерски Фестивал – Кочани е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“