Утрински Весник
Магазин

Тврдењето на Ники Минаж за несакани последици од вакцината наиде на остра осуда

Тврдењето на Ники Минаж за несакани последици од вакцината наиде на остра осуда
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за здравство на Тринидад и Тобаго, Теренс Дејалсинг го нарече лажно тврдењето на американската раперка Ники Минаж дека еден човек од карипскиот остров имал отечени тестиси откако примил вакцина против Ковид-19.

Минаж, родена во Тринидад, предизвика меѓународен бес со твитот во кој тврди дека нејзин братучед од Тринидад одбива да прими вакцина бидејќи неговиот пријател станал импотентен откако бил вакциниран.

“Неговите тестиси отекоа. Требаше да се жени за неколку недели, сега девојката ја откажа венчавката”, напиша Минаж во понеделникот за своите 22,6 милиони следачи на Твитер.

Твитот предизвика меѓународна реакција, при што високи преставници на здравствените власти во САД и Британија ги осудија ваквите тврдења.

А Дејалсинг, твитот на раперката номинирана за „Греми“ го искоментира како губење време.

„Една од причините зошто не можевме да ѝ одговориме на Минаж вчера е тоа што моравме да провериме и да се увериме дали она што го тврди е вистинито или лажно. За жал, изгубивме толку многу време за да го провериме ова лажно тврдење “, рече Дејалсинг.

На прашањето за твитовите на Минаж, д-р Ентони Фаучи, врвен експерт за заразни болести во САД, рече дека има многу дезинформации на социјалните мрежи.

„Не ја обвинувам за ништо, но треба двапати да размисли за пропагирање информации што навистина немаат основа, освен еднократна анегдота, а тоа не е наука.“

Можете да прочитате

Опасности од комбинирање на лекови со пијалаци: Зошто е важно да се користи само вода

Новогодишни верувања што ветуваат среќа, љубов и пари во новата година

Годишен хороскоп 2026 – Нови почетоци и можности за сите знаци