Утрински Весник
Магазин

„Твитер“ го именува Илон Маск во управниот одбор, но го ограничи неговиот сопственички удел

„Твитер“ го именува Илон Маск во управниот одбор, но го ограничи неговиот сопственички удел
Dik 300x250 mk

Мегамилијардерот Илон Маск му се придружува на Управниот одбор на „Твитер инк.“ во договорот кој уследи откако извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс икс“ стекна 9,2% од акциите во компанијата и стана нејзин најголем поединечен акционер.

Според договорот, на Маск му е забрането да купи повеќе од 14,9% од акциите на „Твитер“ сè додека е во бордот на директори, што ја спречува можноста деловниот магнат, чие богатство се проценува над 300 милијарди долари, да се обиде да ја преземе компанијата во следните две години.

Во твит, извршниот директор на „Твитер“, Параг Агравал, напиша: „Возбуден сум што можам да споделам дека го назначуваме @elonmusk во нашиот одбор! Преку разговорите со Илон во последните недели, ни стана јасно дека тој ќе донесе голема вредност на нашиот одбор.“

„Тој е и страстен верник и интензивен критичар на услугата што е токму она што ни треба во @Twitter, и во салата за состаноци, за да нè направи посилни на долг рок. Добре дојдовте Елон!“

Можете да прочитате

Ивана Југ со емотивен статус по смртта на уште еден од осудените за 27 април

Проблематични комбинации: Еве што не смеете да пиете со кафе

Трик на домаќинките за најдобра кисела зелка