Американската актерка Тања Робертс, позната по улогите во филмот за Џејмс Бонд „Поглед на убиство“ и последната сезона на „Чарлиевите ангелите“, сè уште е жива, изјави нејзиниот претставник за Би-би-си.
По грешка беше објавено дека починала во неделата, пренесува британскиот јавен сервис.
Но, Мајк Пингел вели дека нејзината здравствена состојба е сериозна и дека таа останува во болницата во Лос Анџелес.
Таа колабирала додека ги шетала нејзините кучиња на 24 декември и веднаш потоа била примена во медицинскиот центар „Седарс-Синај“ во Лос Анџелес. Пингел за медиумите изјави дека по грешка ја објавил смртта на Робертс врз основа на информациите што ги добил од нејзиниот партнер. Но, од болницата го повикале и му потврдиле дека таа е сè уште жива во понеделникот наутро.
Бонд девојката и Чарлиевиот ангел Тања Робертс (65) се појави со Сер Роџер Мур во неговиот последен филм за 007.